Во Србија уапсено 25-годишно момче кое со ракетен фрлач срушило напуштен објект


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српската полиција го уапси П.Н кој испука проектил со рачен ракетен фрлач и сруши напуштен објект во близина на старата железничка станица во Платичево, јавува српски Данас.

Според полицијата, во инцидентот што се случил вчера околу 14 часот, близу војводинскиот град Рума, нема повредени, бидејќи во близина на погодената зграда нема станбени згради.

Според неофицијални информации, уапсено е 25-годишно лице кое претходниот ден било пуштено од невропсихијатриско лекување.

„Утврдено е дека гори пожар во старата, напуштена зграда на станицата. Веднаш биле повикани пожарникари кои брзо го локализирале, а потоа го изгаснале пожарот“, пишува весникот Блиц, наведувајќи дека е причинета поголема материјална штета.

П.Н. е осомничен за недозволено производство, чување, носење и тргување со оружје и експлозивни материи и за тешко дело против општата безбедност и во врска со предизвикување општа опасност.

Нему му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен пред обвинителството.