Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Додека кај нас во медиумите и на социјалните мрежи изминативе неколку години се алармираше и се споделуваше незадоволство и револт поради контроверзни содржини во учебниците за основно и средно училиште, испаѓа дека ниту Србија не е ништо поарна од нас во тој поглед.
Последниве години се почесто во Србија на страниците на учебниците за ученици од паралелките на основно образование или на тестовите за приемни испити се наоѓа по некое прашање или пример врзан за современите јавни личности со цел на учениците да им се доближи содржината, а тоа обично наидува на поделени реакции, особено кога станува збор за претставниците на фолк музиката.
Ист е случајот кога на социјалните мрежи е објавена фотографија од учебниците за петто одделение од основно училиште во кои се најдоа стихови од песната на Светлана Цеца Ражнатовиќ, „Громе мој“.
-Стихот „Сечаш ли се лепи громе мој, некада је тло под нама пуцало!, се наведува како пример во една од зададените задачи.