Во сообраќајка во Охрид утрово загина едно лице


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Утрово на улицата Питу Гули во Охрид се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го изгуби едно младо лице со иницијали Д.Ј. кое управувајќи со своето возило марка Форд,  изгубило контрола и удрило во дрво.

Полицијата вршеше увид на лице место, а сообраќајот на улицата целосно беше затворен.

Наскоро надлежните институции треба да пренесат повеќе информации.