Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Едно лице загинало во сообраќајната несреќа помеѓу два автомобили која се случила вчера околу 15 часот, на регионалниот пат Гевгелија-Миравци, во близина на село Милетково.
М.К.(42) од село Прдејци-Гевгелија, управувајќи со Фиат Темпра со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над истото и удрил во Мерцедесот со полуприколка „Шмитц“ управувано од О.К. (39) од Гевгелија.
Во незгодата М.К. починал на лице место, а смртта ја констатирал лекар.
Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Гевгелија, при што за време на увидот од 15 до 18 часот сообраќајот бил во прекин, а бил пренасочен према магистралниот пат М1 клучка Удово.
По наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција.