Во сообраќајка на автопатот меѓу Скопје и Велес загина една жена


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Педесет годишната Лидија Ј. е жената која го загуби животот во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случила на автопатот Александар Македонски кај Ржаничино во близина на Окта бензиската.

Според полициските информации несреќата се случила кога З.Ј. (55) управувајќи со мотор Хонда, изгубил контрола и со моторот паднал на коловозот.

Лидија која била сопатник починала на лице место од здобиените тешки повреди. З.Ј. во неконтактибилна состојба и со тешки повреди е пренесен во Ургентниот центар каде е задржан на понатамошно лекување.