Во солунскиот суд денес почнува судењето на Грујевски и Бошкоски за лажните пасоши


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Солунскиот суд денеска ќе започне со судење на поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и неговиот заменик, Никола Бошкоски за поседување лажни бугарски пасоши со кои престојувале во Грција. Минатонеделното судење за двајцата обвинети беше одложено поради немање преведувач од грчки на македонски јазик.

Медиумите во Грција објавија дека Грујевски и Бошкоски може да бидат екстрадирани кон крајот на ноември или во првите недели на декември годинава, а дотогаш ќе останат во притвор во Грција.

Двајцата бегалци кои беа недостапни 84 дена за полицијата, се обвинети од специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати под името „Тврдина – Таргет“ и „Тврдина 2“.