Home Актуелно Во Собранието изгласани законските измени за покачување на пензиите

Во Собранието изгласани законските измени за покачување на пензиите

Пратениците во македонското Собрание вечерва го изгласаа Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Предлог на закон за изменување на Законот за Собранието на Република Македонија

Со измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се усогласува движењето на индексот на трошоците на живот во висина од 50 проценти и пораст на просечната плата исто така од 50 отсто, а дополнително, како дел од антикризните мерки секој пензионер три месеци по ред ќе добива и по 1000 денари.

-Со новата методологија добиваме решение каде што усогласувањето на пензиите се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 проценти и порастот на просечната плата на сите вработени во државата, во висина од 50 отсто. Според ова, пензиите понатаму ќе се усогласуваат на 1 март и 1 септември, секоја година според процентот што се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие, изјави Илија Николовски претседателот на Партија на пензионери.

Николовски додаде дека ова е голем успех за пензионерите бидејќи се задржува принципот на пензијата како економска категорија, а не социјална и се добива одржливо решение кое нема да зависи од власта.

Од септември 2022 година околу 330.000 пензионери ќе добијат зголемување на пензиите, што во просек ќе растат по околу 900 денари.

Законодавниот дом, едногласно го донесено и усогласувањето со износот за минимална плата на вработените во македонскиот Парламент, а скратената постапка беше поради потребата претстојната исплата на плата да биде во месец април.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…