Home Актуелно Во Собранието изгласани измените законските измени со кои се намалуваат казните за злосторничко здружување и злоупотреба на службена должност

Во Собранието изгласани измените законските измени со кои се намалуваат казните за злосторничко здружување и злоупотреба на службена должност

Македонското собрание попладнево експресно ги донесе измените на Кривичниот законик со кои значително се намалуваат казните за различните облици на кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од најмалку 3 години затвор на казна од една до четири години затвор, како и казната од членот 394 „Злосторничко здружување“ до 10 години, на казна до 3 години.

Во образложението на законските измени, покрај останатото, владата навела дека целта е усогласување на Кривичниот законик со меѓународните документи, како и дека предлогот на законот се заснова врз истите начела врз кои се заснова Кривичниот законик.

„Веќе подолг временски период се изготвува новиот Кривичен законик. Во него посебно внимание е посветено на усогласувањето со меѓународните стандарди, а посебно со актите на Европската Унија“, навела Владата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…