Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За прв пат во Македонија, граѓаните имаат можност да видат бели лавови, од кои еден примерок е веќе донесен во скопската зоолошка градина.
Директорот на зоолошката, Ѓорѓи Галетановски соопшти дека вчера пристигнала женката лавица Бела од Германија, а следната недела се очекува да стигне мажјакот Чака од Франција.
Белите лавови се редок вид и се доста атрактивни за посетителите, а за нив е направено живеалиште според светски стандарди.
Директорот најавува дека во план е да се донесат и бели тигри и други бели видови.