Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Република Македонија е домаќин на EХФ Шампионатот за жени, до 17 години кој започнува денес, во Скопје и ќе трае до 6-ти август.
Учествуваат десет репрезентации од Европа, поделени во две групи.
На официјалното отворање кое се одржа во Спортскиот рекреативен центар “Кале” се обрати директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.
Тој ги поздрави претставниците на Европската Ракометна Федерација и Ракометната федерација на Македонија, за организацијата на овој значаен спортски настан.
Упатувам многу среќа до сите репрезентации, до ракометарките и стручните тимови. Овие денови, Македонија е центар на младите женски таленти во ракомет кои се иднината на овој спорт во Европа. Ракометот е спорт број 1 во Македонија. Со поддршка и меѓусебна соработка ќе продолжиме да инвестираме во ракометот, со цел уште подобри резултати, потенцираше Каевски.
Во Групата А се селекциите на Македонија, Полска, Швајцарија, Грција и Фарски Острови.
Во Групата Б се селекциите на Словенија, Бугарија, Исланд, Израел и Косово.