Home Актуелно Во Скопје се одржа протестен марш против „Јавна соба“

Во Скопје се одржа протестен марш против „Јавна соба“

Додека полицијата го расчистува случајот поврзан со оваа афера кај нас, а од пред неколку дена е избришана групата „Јавна соба“, денес во Скопје се одржа протестен марш против таквата злоупотреба.

Предмалку од пред министерството за внатрешни работи започна протестниот марш за случајот „Јавна соба“ со барање институциите неодложно и темелно да го расчистат.

Групата „Јавна соба“ од пред неколку дена е избришана а полицијата приведе 4 лица поврзани со оваа група.

Тука сме стотици кои сме биле жртви на сексуално злоставување. Ова мора да заврши, порачаа денеска присутните на протестот против Јавна соба.

,,Нема да молчиме веќе. Нема да не залажуваат со бришење на една група и приведување на четворица мажи. Ти не си виновна”, е пораката кои тие ја испратија од пред МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…