Во Скопје почувствуван нов земјотрес


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Земјотрес со јачина од 2.7 степени според Рихтер синоќа беше почувствуван во главниот град. Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија, епицентарот бил 8 километри источно од Скопје и 3 километри северозападно од Јурумлери, на длабочина од 1 километар.

На социјалните мрежи луѓето веќе реагираа потсетувајќи се на минатогодишните посилни земјотреси кои се одвиваа речиси 10 дена по ред во септември.

Вчера утрото беше почувствуван земјотрес во Прилеп, кој беше на границата меѓу Македонија и Грција, со јачина од 3,9 степени.

Завчера земјотрес од соседна Албанија со јачина од 5.2 степени беше почувствуван и во Македонија. Граѓаните во северозападна Македонија го почувствуваа потресот.