Home Актуелно Во Скопје почнува All Web – петта конференција за дигитален маркетинг

Во Скопје почнува All Web – петта конференција за дигитален маркетинг

Денеска се одржува AllWeb, петтата конференција за дигитален маркетинг која е комбинација на презентации и панел дискусии, одлични говорници и содржина.

Навиките и однесувањето на корисниците на паметни (мобилни) уреди, комуникацијата во движење, константното барање нови канали и целни групи за маркетинг комуникација ќе бидат носечките теми на конференцијата.

Добитничката на Еми награда за дигитален маркетинг и поранешен директор во Еделман, Моторола и Таргет Маркет, Благица Ботиљеро ќе биде првиот говорник што ќе застане на сцената на AllWeb, на 18 ноември оваа година. Позната е по нејзината способност да го мери повратот на инвестиции (ROI) во дигиталните медиуми, влијанието на социјалните медиуми и техниките за поддршка на купувачите.

Ја нарекуваат “дигитален гангстер“ затоа што е дел од генерацијата жени кои помогнале да се изгради вебот. Со кариера која трае повеќе од 20 години, Благица е во првите редови на постојано менување на World Wide Web.

Доаѓаат и експерти од Дојче Телеком, Соушлбејкерс, Дентсу, Агрокор и други врвни експерти и предавачи во своите области со долгогодишно искуство.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…