Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Две спортски обложувалници вчера вечерта биле мета на разбојниците во Скопје, информираше полицијата.
Едниот случај бил регистриран околу 20 часот во „Златна копачка“ на улицата Јужноморавски бригади во населбата Ченто, каде бил украден дневниот промет. Еден разбојник стоел надвор, а двајца влегле внатре и заканувајќи се со пиштол го украле прометот вработениот.
Другото разбојништво е регистрирано дваесетина минути пред полноќ во Тафталиџе во обложувалницата „Спорт лајф“ на улицата Лондонска. Таму влегол еден разбојник и украл околу 30.000 денари.
Засега нема информации за поврзаност на двата случаи. Полицијата информира дека се преземаат мери за расчистување на настаните.