Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Општината Цермат е вторто место во Швајцарија каде што даночните обврзници официјално имаат опција да си ги подмират даночните давачки со биткоини.
За да овозможат нова опција за плаќање на данокот, властите од Цермат склопиле партнерство со една од главните швајцарски компании што нудат финансиски услуги поврзани со криптовалути, „Биткоин Свис“.
Цермат почна да го прифаќа биткоинот како средство за плаќање на локалниот данок на 28 јануари. Благодарение на партнерството, властите во Цермат сега можат да ги сменат криптовалутите на даночните обврзници во швајцарски франци преку „Биткоин Свис“, која потоа го префрла износот во декретна валута на сметка на општината.
Даночните обврзници можат да платат данок преку интернет или преку уред на продажното место. Имено, локалните даночни обврзници ќе можат да платат данок со биткоини преку уред на продажното место кој е инсталиран во градското собрание на Цермат или преку мрежен портал за плаќање.
Меѓутоа, за да платат данок со биткоини преку интернет, даночните обврзници ќе мора директно да се пријават во Даночниот завод.
Пред Цермат, предноста на криптовалутите ја препозна и градот Цуг и стана првиот град во Швајцарија кој прифати уплати со биткоини. Овој град во 2016 година почна да прифаќа плаќање со биткоини за одредени градски услуги, како што се комуналните надоместоци.
И додека Швајцарија продолжува со ширењето на услугите со криптовалути, некои влади сметаат дека таквата опција е премногу ризична поради големата волатилност на биткоинот.
На почетокот од јануари американските законодавни власти во Њу Хемпшир повлекоа предлог-закон со кој на државните агенции би им се овозможило прифаќање на криптовалутите како еден облик на плаќање данок.