Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ана живее во Сан Франциско. Секое утро, таа станува во 7 часот и се фаќа за работа – правејќи склекови во дневната соба. Но Ана не е сама. Таа, како и милиони други луѓе, е претплатник на една од најпознатите фитнес платформи – Daily Burn.
Во Соединетите Американски Држави, како и низ цела западна Европа, трендот на фитнес платформи неуморно расте. Наречен on-demand фитнес, веќе брои неколку десетици милиони корисници.
Големите компании како Beachbody, Freeletics, и останати, имаат свои фитнес платформи кои и конкурираат на онаа на Daily Burn. Секоја платформа има свои предности и мани, и најчесто се состојат од детални календари и програми, квалитетно снимени видеа, и некои интересни елементи на игра и социјална интеракција.
Па така, со тенденција овој тренд неколкукратно да порасне, време е да се запрашаме кон каде е насочена фитнес индустријата.
Има ли потреба сопствениците на теретани да бидат загрижени?
Одговорот е едно незадоволувачко – можеби. Кина е интересен пазар кој може да се земе како пример. Таму, фитнес манијата касни неколку децении. И додека Најк, Адидас и останати фирми вложуваат милијарди на кинескиот пазар, за ширење во текот на 2017, јасно е што се очекува – огромен бум.
Фитнес центрите растат со неверојатна брзина, но постои и уште еден сегмент од индустријата кој е на самиот почеток, подготвен да експлодира со својот развој – дигиталниот фитнес.
Имено, кинескиот пазар има околу 300 милиони луѓе кои би биле заинтересирани за апликации и платформи кои го засегаат здравјето и се насочени кон фитнес. Така барем говорат извесни анкети од индустријата.
Да се гледа што ќе се развие побрзо – фитнес ланците, или пак дигиталните платформи – е можеби одговорот на тоа каде ќе заврши фитнес индустријата.
Теретаните, иако нудат многу опции за вежби и поволности, не можат да се споредат со она кое го нуди дигиталната гранка. Стотици рецепти, детални водечки календари за секој ден со специјално изработена програма, пратење на резултатите во групи.
Постојан бран на иновации
Еден нов стартап во полето (со име Fitness Updated), нуди паметен алгоритам кој одредува што да вежбате откако ќе одговорите на низа прашања, впишувајќи ги вашите цели, години, тежина, пол, ниво на активност…
Потоа, алгоритмот се прилагодува на вашето искуство внатре во платформата, нудејќи соодветни промени во календарот и вежбите.
Проектот е сеуште во својата бета фаза, но навистина ветува.
Daily Burn пак вклучува вежби кои се снимаат и пуштаат секојдневно (како часови во живо), па со тоа додава и еден поинаков шарм на дигиталното искуство.
Beachbody ја нуди целата библиотека на претходни изданија (популарните Insanity, P90X) и разни дневни видео програми со нивните познати имиња од фитнес индустријата како што се Tony Horton, Shaun T, Chalene Johnson, и Leandro Carvalho (креатор на новата и популарна вежба YOUv2).
Практично и достапно
Патот до теретаната, особено во големите урбани центри, често одзема еден час во денот поминат во транспорт. Згора на ова, потребно е да бидете со чиста спортска облека (секојдневно), да изгледате пристојно, и да имате контакт со луѓе дури и оние денови кога радо би останале дома.
Теретаната неретко може да значи и голема гужва, чекање ред околу справите, досадни луѓе наоколу…
Од еден поинаков аспект, одењето во теретана исто така е доста скапо споредено со овие дигитални решенија.
Beachbody неодамна ја лансира својата платформа Beachbody on Demand, и догишната членарина/претплата чини негде околу 5500 денари. Замислете што претставува оваа цена од $99 долари за просечниот американец.
Daily Burn е 50% поскапа опција, но скоро сите вклучуваат извесен тест период, кој теретаната никогаш не може да го понуди. Тест периодот е бесплатен, каде можете со денови да се логирате на овие платформи и да видите дали навистина се за вас.
Достапноста е и од аспект на комфор – имено, добивате еден час плус во денот, кој би го загубиле низ транспорт, и многу помалку напор кога ќе го земете фактот дека вежбате во вашата дневна соба, наспроти теретана преполна со луѓе.
Згора на тоа, со овие дигитални платформи, добивате и специјално изготвени програми, како фитнес така и нутриционистички. Со поголемиот бран на персонализација, очекувајте овие програми да се прилагодуваат специфично на вас (како што е иновативниот пример на Fitness Updated).
Трендот на разновидност
Ваквите дигитални платформи нудат вежби за сечиј вкус. Земете ја за пример Insanity програмата, која е брутално напорна, и споредете ја со новата програма на Beachbody, со наслов YOUv2 – еден YOUv2 review на познатата Lifestyle Updated, неодамна ја забележа токму оваа промена во насоката. Разликата во степенот на интензитет, природата и типот на вежбите, како и времетраењето се сосема различни. И овој тренд е во пораст.
Fitness Updated, за пример, вели дека нуди 33 различни календари кои сосема се двојат еден од друг кога се вво прашање интензитет, времетраење на вежбите, целата програма, итн.
И додека вистината е дека има место за сите, најчесто, трендот оди кон се полесни и подостапни вежби и програми, наменети за почетници. Многумина се задоволни со идејата за постепено но постојано напредување, како и идејата за одржување на здравјето и кондициската спрема, наспроти мускули и некаква телесна трансформација.
Па така, ќе забележите и дека овие компании го вртат вниманието настрана од интензивните програми и тренинзи, кон полесни и подостапни верзии, како што е пример и новата YOUv2 на Beachbody.
Фитнес компаниите се стремат кон дигитални платформи
За да се анализира овој тренд, доволно е само да се погледне што прават Најк и останати компании за фитнес опрема. Со лансирање на едноставни но популарни апликации на Андроид и iOS продавниците, тие се обидуваат да понудат еден вид на дигитално фитнес искуство, па оттаму да ја продаваат, или пак покренат свесност за нивната линија на производи.
Beachbody скоро и да престана со продажба на физички пакети, кога за прв пат понуди една од своите нови програми (YOUv2) да се продава и во дигиталната верзија. Познавачи на компанијата очекуваат овој тренд да расте, и продажбите па и целиот напор да се префрли само врз дигиталната платформа.
Дури и креаторите на Јутјуб фитнес видеа се обидуваат да лансираат свои платформи, онолку колку што им дозволува капацитетот и познавањата во ова поле (добар пример овде се брачниот пар кој стои зад познатиот Fitness Blender).
Па што можеме да земеме од сето ова како заклучок?
Едноставно, фитнесот, онака како што диктира пазарот, се стреми кон достапниот дигитален свет. Поефтино, со детално водство на корисниците, во комфортот на својот дом… Исто така, трендот оди кон полесни вежби наменети за почетници, со можности за понатамошно напредување.
Во иднина ќе може да се очекуваат и вежби наменети исклучиво за постари, атлетски тренинг, трудници, деца итн.
Интересни времиња!
Автор: Славко Дешиќ