Во Штип запалени возилата на братот и таткото од Маринела Тушева


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Пет возила биле запалени утрово во Штип, од кои три целосно изгореле во подметнатите пожари, додека две делумно се оштетени од огнот.

Меѓу возилата кои целосно изгореле се двете возила на семејството Тушеви. Едното возило е на Никола Тушев, кој е поранешен претседател од огранокот на СДСМ во Штип, а другото на неговиот татко Мите Тушев, пренесува Радио Слободна Европа.

Тие се брат и татко на поранешната пратеничка од СДСМ Маринела Тушева, која е во брак во Бојан Маричиќ, советник на премиерот Зоран Заев. Според Никола Тушев возилата биле паркирани на различни места на паркингот, а биле запалени најверојатно со молотови коктели.

Полицијата го истражува настанот, а по истрагата ќе дадат дополнителни информации.