Во Шпанија, жените се изборија за топлес на базените!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓу жените кои гласаа во каталонското село, Л’Амети дел Валјес, 61% од нив гласале за капење без горниот дел од бикините, додека 39% гласале против тој предлог, пренесува Би-Би-Си.

Гласањето чиј резултат е правно обврзан, го организираа каталонските локални власти за жените постари од 16 години, а во гласањето учествувале вкупно 379 жени.

Жените се заложиле за гласање откако минатото лето полицијата се појавила на еден од базените и наложиле на две жени да го облечат горниот дел од бикините.

Тие две жените во топлес тогаш во полиција ги пријавил спасувачот на базенот.

Овој случај предизвика протест на меѓтаните кои ги поддржале жените, при што капачите, како жените така и мажите заминале на базен носејќи горен дел од бикини на кои биле нацртани брадавици.

Селото со 8000 жители се наоѓа 35 километри северно од Барселона.