Во Шпанија тврдат: Роналдо може да си замине за 120 милиони евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светското првенство во Русија за момент ги „загуши“ шпекулациите за иднината на Кристиано Роналдо, но денес „Марка“ повторно ја отвори темата.

„Марка“, весник кој е близок до Реал Мадрид денес објави дека клаузулата на Кристиано Роналдо паднала од 1 милијарда на само 120 милиони евра.

Во последните неколку години се тврдеше дека откупната клаузула на Роналдо изнесува 1 милијарда евра. Меѓутоа, во јануари оваа година двете страни постигнале нов договор и клаузулата во моментов изнесува 120 милиони евра.

Клаузулата нема да важи за шпанските екипи, ниту за ПСЖ, туку таа ќе биде за останатите тимови, па се претпоставува дека следна дестинација на Португалецот ќе биде Премиер лигата.

Веднаш после финалето во Лигата на шампиони португалскиот весник „Рекорд“ објави дека Роналдо ќе го напушти Реал бидејќи „кралевите“ не ги исполниле ветувањата.