Во шишиња „краделе“ песок и камчиња од плажа и ги фатиле


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Десетици туристи кои биле на одмор на Сардинија, Италија, се осомничени за кривичното дело крадење песок, школки и камчиња од плажа, за што ќе платат казна до 3.000 евра.

Во различни инциденти пријавени се 41 поединец со над 100 килограми во предмети од плажите во Сардинија. Белите плажи на островот се посебно заштитени и е строго забрането земање песок или школку од таму, пренесува ОффНет.

Иако 3.000 евра за песок од плажа изгледа многу, локалците со години се жалат дека луѓе им го крадат песокот.

Не дека луѓе паркирале кипер на плажа па го товарале со песок, туку се работи за туристи што наполниле некое пластично шише со песок, кое го чуваат како сувенир, а во некои случаи го продаваат и на сајтови како Ибеј.

Во акцијата учествуваат сите нивоа на италијанските безбедносни сили од цариници, до полиција и војска, кои го мониторираат аеродромите и пристаништата во потрага по пакуван песок. Плус на ова тие проверуваат и интернет сајтови на кои би можело некој да ја понуди на продажба нелегалната стока.

Годинава Сардинија од казни за песок има собрано 13.000 евра, плус запленетиот песок го враќаат назад на плажите.