Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Милитанти од Газа минатата ноќ, нешто пред полноќ, истрелаа ракети кон Израел, а потоа ги запреа нападите сè до зората, кога повторно се огласија сирените во израелските заедници во близина на Газа и во градот Нетивот.
Хамас ја презеде одговорноста за нападот врз областа Нетивот, велејќи дека се работи за одговор на „ционистичката агресија”, очигледно притоа мислејќи на израелските ракети во текот на ноќта.
Палестински извори наведуваат дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) во текот на ноќта извршиле неколку напади врз цели низ појасот Газа, што е потврдено со снимките на кои се гледаат серија експлозии.
Палестинските медиуми објавија и дека израелската војска рано утрово погодила бродови на Хамас на брегот, цивилни згради и инфраструктура ширум појасот Газа.
Официјалната палестинска новинска агенција Вафа соопшти дека воени авиони гаѓале цивилни институции и патишта во близина на џамијата ал-Катиба во западниот дел на градот Газа, куќи во северниот округ Наср и областите Туфа и Шејаја, пренесува Би-би-си.
Тој додава дека авионите извршиле повеќе од 50 напади врз куќи и цивилни објекти во северните градови Бејт Лахија и Џабалија, предизвикувајќи „огромна штета“.
АФП јавува дека Израел во понеделникот вечер ја ракетираше и уништи единствената лабораторија за тестирање на ковид-19 во Газа и ја оштети канцеларијата на Црвениот крст.
Израел наведува дека ги гаѓал тунелите на Хамас и објектите на милитантите.
Министерството за здравство на Газа, со кое управува Хамас, соопшти дека во нападите врз Газа досега биле убиени 212 лица, од кои 61 дете и 36 жени.
Досега во конфликтот кој започна минатиот понеделник, според официјалните информации на палестинското министерство за здравство загинале 212 палестинци од кои 61 дете и 36 жени.
Синоќа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржа средба со највисоките претставници на одбраната, по која изјави дека се е во најдобар ред и дека Израел ќе продолжи да дејствува колку што е потребно за да го врати мирот и безбедноста на сите граѓани.
-Денес беше таргетиран лидер на исламските џихадисти, удривме по морнарицата на Хамас и ќе продолжиме и понатаму со нападите на тунелите на Хамас. Ќе продолжиме да правиме се што е потребно за враќање на сигурноста и безбедноста на сите граѓани на Израел,вели Бенјамин Нетанјаху.
Во меѓувреме американскиот претседател Џозеф Бајден телефонски разговараше со Нетанјаху при што ја повтори цврстата поддршка за правото на Израел да се брани од ракетните напади и порача дека треба да се направат напори за справување со насилството и воспоставување мир во целата земја. Израелско-палестинскиот конфликт денес, ќе биде ставен на маса и во Брисел пред министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ а претходно прекин на огнот побара францускиот претседател Емануел Макрон.
-За мене, многу е важно да се воспостави мир и прекин на огнот што е можно поскоро. Се надеваме дека може да изградиме мост за мировни разговори за сите страни кои се засегнати во овој конфликт,истакна францускиот претседател Емануел Макрон.
Немирите во Израел започнаа минатиот понеделник откако милитантската група Хамас истрела неколку ракети кон Ерусалим по насилствата помеѓу палестинските демонстранти и израелската полиција и поради заканата за иселувањата на палестински семејства од Источен Ерусалим.