Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дејвид Кокс, човекот кој ја убил сопругата и сексуално ја нападнал својата поќерка пред неа за време на осумчасовна полициска опсада во 2010 година, е првиот осуденик на смрт кој е погубен во американската сојузна држава Мисисипи по 9 години.
Тој е деветти затвореник во САД егзекутиран во 2021 година.
Кокс бил убиен со инекција во државниот затвор Перчман и беше прогласен за мртов во средата во 18:12 часот по локално време, објавил локалниот дневен весник Кларион Леџер.
На судењето, кое завршило во 2012 година, Кокс се изјаснил за виновен по сите осум точки од обвинението, а во 2018 година ги отпуштил адвокатите и ја отфрлил жалбата, велејќи дека „заслужил смртна казна“.
Трагичниот настан се случил на 14 мај 2010 година, кога Кокс купил пиштол и отишол да ја земе својата сопруга Ким и нивните две деца, кои живееле во куќата на снаата на Кокс.
Тој упаднал во куќата, каде што потоа ги држел во заробеништво сопругата и двете деца повеќе од осум часа, изјавил обвинителот.
За време на полициската опсада, Кокс ја застрелал сопругата во стомакот и раката, а додека таа умирала со часови, пред нејзините очи три пати сексуално ја нападнал својата поќерка. Тој ги одбил барањата на полицијата да и пружи медицинска помош на сопругата.
Полицијата влегла во куќата по осумчасовна опсада и неуспешни преговори и го уапсиле Кокс.
Свесен за сè што направил, во 2018 година Кокс напишал писмо до локалниот шеф на правдата, во кое изјавил дека тој е „виновникот кој заслужува да умре“.