Во Ротердам прва жртва на коронавирусот – дали ќе биде откажана Евровизија?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Организаторите на овогодинешното издание на музичкиот натпревар за Песна на Евровизија, кој треба да се одржи во Ротердам, изјавија дека ги разгледуваат сите опции во однос на одржувањето на настанот откако во овој град беше евидентирана првата жртва на коронавирусот.

Здравствените власти објавија дека 86-годишен маж заразен со коронавирус починал денеска во Ротердам, а тој е првата холандска жртва на епидемија што се пресели од Кина во 85 земји.

Холандија го пријави првиот случај на инфекција на 27 февруари. Во четвртокот, во зедмјата имало 82 случаи.

Холандската телевизија НРП соопшти дека организаторите на Евровизија ќе ги следат советите на здравствените власти за да одлучат во каков формат ќе се одржи овој настан, што се одржува од 12 до 16 мај.

Нема конкретни информации кои алтернативи се разгледувани.