Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лаутаро Ронки кој има 18 години и кој важи за еден од најталентираните аргентински фудбалери во овој момент, пред четири дена бил застрелан во глава додека седел во кафуле во Росарио, родниот град на Меси.
Ронки е фудбалер на Расинг и во моментот на нападот бил во кафулето со својот пријател Ерик Дијаз.
Според информациите кои ги пренесуваат аргентинските медиуми во еден момент група вооpyжени луѓе влегле и почнале да пyкаат.
Ронки веднаш бил хоспитализиран и за жал информациите се дека сè уште е во критична состојба и приклучен на респиратор.
Сезонава во Б тимот на Расинг тој постигна 12 гола и се најавуваше дека ќе добие шанса во првиот тим кај Фернандо Гаго, а се поврзуваше и со неколку европски клубови.