Во римското метро влезница можете да платите со пластични шишиња


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вечниот Град се наоѓа меѓу неколкуте градови кои одлучија да се вклучат во кампањата за намалување на загадувањето. Во таа насока, италијанската метропола неодамна воведе можност за замена на пластични шишиња за билет за подземната железница.

После воведувањето на слична кампања во Истанбул, и римските корисници на метрото можат да заштедат пари и да придонесат за зачувување на почиста животна средина. Принципот е едноставен – на три станици во Рим, патниците можат да рециклираат пластични амбалажи во автомати за продажба на возни карти, а за возврат добиваат одреден износ на картичката кој подоцна можат да го заменат за билет.

Иницијативата ја нарекоа „Ricicli+Viagi“ (Рециклирај и патувај), а иницијатор е градоначалничката Вирџинија Раги. Пробниот период ќе трае 12 месеци. Ако покаже дека оваа мерка е успешна, истата ќе се прошири и на други метро станици.

За секое рециклирано пластично шише, корисникот на картичката добива пет центи, што значи дека за стандарден билет од 1,5 евра, потребно е да рециклирате 30 шишиња. Шишињата можат да бидат од различна големина, од 0,25 до 2 литри.

Италија, инаку, има голем проблем со отапдот, поради што во Рим преполните контејнери за отпад се вообичаена глетка. А во жешките летни денови, тие претставуваат и опасност по здравјето на граѓаните и туристите.