Во Реал Мадрид си организираа „тајна вечера“(фото)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За да се зајакне тимскиот дух во Реал Мадрид, клубот им организираше „тајна вечера“ синоќа во еден ресторан во Мадрид, открива „Марка“.

Условот бил играчите да дојдат без сопругите и девојките, а вечерата била во ресторан „BiBo“, кој е во сопственост на познатиот кувар Дани Гарсија.

Од сликите се гледа дека имало одлична атмосфера, а на вечерата не присуствувале само Герет Бејл, Кејлор Навас и Тони Крос.

Реал Мадрид се наоѓа во серија од четири победи по ред, што е добро постигнување за тимот кој оваа сезона игра „топло-ладно“.