Во прво лице: Вака изгледа кога ве вози автопилотот со нов хардвер од Тесла


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Компанијата Тесла Моторс објави воведување на нов хардвер кој ќе овозможи уште подобри перформанси во случај кога возачот целосната контрола ја препушта на автомобилот.

Како што потенцира компанијата, хардверот ќе биде присутен на сите идни возила од фабриката на Тесла, вклучувајќи ги Модел S, Модел X и идниот Модел 3. Се работи за т.н. по автономно петто ниво, кое на автомобилот ќе овозможи возење во сите временски услови.

Возилата на Тесла сега ќе бидат опремени со 12 нови ултразвучни сензори, осум камери кои ја следат околината под агол од 360 степени, а круна на новиот хардвер ќе биде и до 40 пати помоќен компјутер со чија помош системот ќе биде процесуиран.

И покрај лошото реноме на автономното возење, чија употреба се нарекува дури и забранета во Германија, Тесла одлучно оди кон усовршување, а директорот на компанијата Елон Муск додава дека новиот хардвер е подобар и од човековите способности.

На сето тоа „кумуваше“ и видео кое прикажува навигација преку комплексно урбано подрачје. Потсетуваме дека автономната опција во автомобилите на Тесла до сега е користена само на отворен автопат.