Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во првата половина од месец април забележан е пад од 79 проценти на наплатата на Данокот на додадена вредност, главен и најголем начин на полнење на државната каса, изјави Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи.
Вкупните приходи во април пак паднле за над 38 проценти, додаде Лукаревска.
„Во делот на април податоците од 1 април до 14 април се следни, има пад на ДДВ од 79 проценти со назнака за зголемен поврат од 51,7 проценти, пад на данокот на личен доход од 6 проценти и пад на добивката од 9,97 проценти или вкупно споредено со истиот период лани од 1 до 14 април 2019 година има пад на приходите од 38,15 проценти“ – кажа Лукаревска.
Приходите пак во март, кога се почувствува првиот удар од корона кризата се паднати за 24 проценти во однос на планот за годинава, или за над 12 проценти во однос на март лани.
„Во периодот јануари-март вкупен даночен приход кој што е собран од страна на УЈП е вкупно околу 19 милијарди денари. Имаме пад на ДДВ во месец март од 16,85 проценти или 716 милиони, данокот на личен доход има многу мал пад од 1,11 проценти или 17 милиони денари и данок на добивка имапад од 10,78 проценти или 177 милиони денари.“- изјави Лукаревска.
За разлика од падот на приходите од даноци кај приходите од придонеси во март е забележан раст од речиси 13,5 проценти или за над 13милиони евра во однс на март лани. Лукаревска потенцираше дека за периодот јануари-март е извршен поврат на ДДВ кон компаниите од над 108 милиони евра, или за над 13 милиони евра повеќе од истиот период лани. Само во април повратот на ДДВ е зголемен за 51,7 проценти. Се трудиме и во услови на криза да го задржиме трендот на поврат на ДДВ, рече Лукаревска.
Таа ги повика самовработените и компаниите кои имаат пад во дејноста да ја искористат можноста од донесените уредби за ослободување од данок на добивка и на личен доход за март, април и мај. До сега пак поднесени и прифатени се 370 барања за ослободување од данок на добивка, а само 20 компании пак аконтативно извршиле уплата на данокот на добивка.