Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Смартфоните откако станаа масовно достапни, луѓето просечено најмногу ги користат за социјални мрежи и комуникација. Според последното истражување спроведено од веб страницата за споредби на телефони „Висал Аут“ направено на илјада корисници, кога ќе се извади некој просек според интензитетот на користење на овие „гаџети“, се покажало дека човекот поминува девет години на телефон од својот живот.
Истражувачите претпоставиле дека децата најчесто добиваат телефон кога се на 10-годишна возраст, а дека еден човек дневно поминува околу 3 часа на телефон. Има разлики и помеѓу генерациите. Лицата родени од 1981 до 1996 година поминуваат една четвртина од времето кога се будни на телефон. Лицата родени од 1965 до 1980 поминуваат околу 16,5 отсто од времето на телефон, а за лицата родени помеѓу 1946 и 1964 процентот изнесува 9,9.во часови, милениумците поминуваат просечно 3,7 часа дневно на телефон, средната генерација 3 часа, а постарите генерации поминуваат просечно 2,5 часа дневно на телефон.На годишно ниво, милениумците трошат 56 дена држејќи телефон во раката, додека најстарата генерација 39 дена.