Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во организација Општина Прилеп и ОФС Прилеп вечерва започна традиционалниот турнир во мал фудбал „Св. Никола 2016„ – Прилеп, кој се оддржува по седми пат во чест на големиот христијански празник „Св. Никола“, патрон на градот Прилеп.
Турнирот ќе тре до 28 декември,а натпреварите се одигруваа во спортската сала „Арена Сонце“. На овогодишниот светиниколски турнир во мал фудбал екипите се поделени во осум групи. Покрај екипи од Прилеп, пријавени се и екипи од Скопје, Велес, Македонски Брод, Кичево,… кои ќе се натпреваруваат во пионерска и сениорска конкуренција, како и шест екипи на ветерани, во кои учествуваат фудбалери со возрасна категорија над 42 години.
Квалитетен мал фудбал, кој ќе првилече голем број посетители, се очекува да приредат 37 – те екипи во сениорска конкуренциа, каде учествуваат и познати фудбалски имиња од ФК Победа, ФК Вардар, ФК Пелистер… а во рамките на пионерската категорија учествуваат 24 екипи.
Турнирот во мал фудбал „Св. Никола 2016„ – Прилеп, има награден фонд од 300.000 денари, за освоено прво второ и трето место. Генерален спонзор на турнирот, и овој пат, е Прилепска Пиварница со својот актуелен безалкохолен пијалак „Пепси“.