Во Прилеп приведен Љупчо Палевски – пуштал од прислушуваните „бомби“ на разглас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според информациите кои ги пренесува порталот ПлусИнфо, Љупчо Палевски и уште две други лица, битолчанец и прилепчанец, денес биле приведени на информативен разговор во полициската станица во Прилеп, откако вчера, на јавен отворен собир, во Прилеп на разглас пуштале од нелегално прислушуваните телефонски разговори, таканаречените „бомби“, кои ги објавуваше СДСМ кога беше опозиција.

Тројцата денеска биле задржани на разговор во полициска станица, а информацијата ја потврдуваат и од МВР.

„На 05 април 2019 во Полициската станица Прилеп задржани се три лица Љ.П. (55) од Тетово, Т.М.(44) од Битола и Г.Н. (49) од Прилеп поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено прислушкување и тонско снимање“ казниво по член 151 став2 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија“ – изјавиле од МВР за Плусинфо.

Од настанот на социјалните мрежи имало и пренос во живо и според она што може да се слушне од тоа видео, за еден од разговорите кои биле пуштени, се тврди дека е од 2012 година, а наводно го водат поранешната и актуелниот министер за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и Оливер Спасовски.