Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Со Света божествена литургија во црквата „Свето Благовештение“ од 08:00ч. изутрината започна денешното чествување на градската слава „Свети Никола“. Во 12:00 часот ќе се изврши водоосветување и прережување на празничниот колач пред параклисот што го носи името на светецот, во центарот на градот. А, во 12:30 часот ќе биде благословена градската трпеза со што ќе биде означен и почетокот на празничниот ручек.
Годинешни домаќини на градската слава се сопствениците на хотелот „Салида“. Во центарот на градот се подготвува богатата и вкусна посна трпеза на којашто ќе бидат сервирани околу 60.000 сарми. Домаќините и Општина Прилеп како организатор на овој настан, ги покануваат сите граѓани да бидат дел од чествувањето.
Во 13:15 часот градоначалникот Илија Јованоски ќе им ги врачи наградите на учениците што ги освоија првите три места на годинешниот конкурс на тема: „Хуманоста – темел во меѓучовечките односи“. Конкурсот го распиша Општина Прилеп, а е реализиран во соработка со основните училишта од целата општина. Пофалници ќе им бидат врачени и предметните професори – ментори на наградените ученици. Во чест на празникот во тек се натпреварите на светиниколскиот турнир со хуманитарен карактер, а собраните средства од турнирот ќе бидат наменети за опремување Центар за деца со церебрална парализа.
Чествувањето на градската слава „Свети Никола“ во Прилеп има 12 годишна традиција. Во 2008 година домаќинките од женските здруженија свиткаа 80.191 посна сарма, со што го освоија Гинисовиот рекорд.