Во Прилеп ќе има и Новогодишна прослава и хуманитарни настани!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Општина Прилеп и оваа година организира спектакуларен дочек на Новата 2017-та година на градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“. На денешната прес конференција, градоначалникот Марјан Ристески и Советникот за култура Снежана Ристеска, ја најавија програмата која ќе започне во 12.00 часот напладне со програма за најмладите.

Градоначалникот Ристески ги покани дечињата на дневно- забавната програма каде ќе настапат „Јунаците од бајките“ од народниот театар „Војдан Чернодрински“ и познатата музичка група Нокаут. Вечерната програма ќе започне во 22:30 часот со настапот на познатите музички имиња Белинда и Шило, а веднаш по спектакуларниот огномет, топлото вино и чајче следува настапот на популарното диџејско трио „The Mode“.

22-12ngpp
За прв пат оваа година во пресрет на празниците општина Прилеп во соработка со Црвениот крст на град Прилеп го организираат хуманитарниот настан наречен „Денови на солидарност за најмладите“ каде утре 23 и 24 (сабота) во период од 10 до 18.00 часот сите добронамерници ќе може да донираат паќетчиња за најмалите на пунктовите во Тинекс, Футура, Викторија тобако, Бонита, на градскиот плоштад како и во сите поголеми маркети низ градот.

Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека општина Прилеп е една од најхуманите општини не само преку оваа новоорганизирана акција, туку и преку низа други настани како што се Светиниколскиот турнир кој исто така има хуманитарен карактер, а веднаш по Нова година се организира и традиционалниот Божиќен ручек наменет за децата без родители, децата со посебни потреби, децата на загинатите бранители,…

Уште еднаш градоначалникот Марјан Ристески посочи да бидеме хумани и да донираме, а најлудата ноќ да ја поминеме на градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“.