Во престрелка во Сингелиќ повреден вработен во УБК


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пукотници ги разбудија жителите на населбата Сингелиќ. Околу 10 часот и 30 минути утринава на ул. Алија Авдовиќ во близина на чајџилница Шмеки, неколку лица од возило марка пасат почнале да пукаат кон друго паркирано возило марка голф во кое се наоѓале две лица. Тие возвратиле на пукањето. 
Вработениот во УБК се здобил со прострелна рана во пределот на левото рамо. По престрелката, двете возила го напуштиле местото. Автомобилот  голф  е пронајден  кај агросервис додека возилото пасат не е пронајдено.
Жителите на улицата велат дека се се случило многу брзо. Тие велат дека слушнале пукотници, но кога излегле на улицата, престрелката веќе била завршена. Потоа ја виделе само полицијата која дошла да направи увид.