Во престрелка со „Тигрите“ убиен „тетовскиот Рамбо“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Крвава драма се случуваше во тетовското село Ларце, каде 38-годишен Јетнон Реџепи викан Лапи, против кого била распишана и меѓународна потерница, беше убиен во полициска акција.

Мажот кој бил во бегство бил осуден на 26 години и 10 месеци затворска казна, а против него биле поднесени шест кривични пријави за сторени 16 тешки форми на кривични дела.

Кога полицијата пристигнала пред неговиот дом, тој се спротиставил со бомби и со огнено оружје возвратил кон нив. Потоа со панцирен елек на себе се обидел да избега ,а со себе земал автоматска пушка, пиштол и уште 4 рачни бомби. Кога полицајците продолжиле да пукаат кон него, тој повторно возвратил со истрели, а неговиот вториот обид да фрли бомба бил неуспешен, бидејќи овој пат бил застрелан и убиен.

Ова не е прв обид за негово лишување од слобода. Претходно имало 4 обиди, но секој пат успешно пружал отпор. По крвата престелка, на местото на настанот увид извршил и јавен обвинител, а телото е предадено на обдукција.

Кога пристигнавме во селото, беше мирно, а полицијата и обвинителот веќе беа заминати од местото на настанот. Не пречекаа жителите, кои ни објаснила дека никој не слушнал ништо, бидејќи било рано, а тие спиеле. Но рекоа дека подоцна виделе поголем број припадници на специјалната единица „Тигри“ .

Против жителот на Ларце во периодот од 2000 до 2016 година, до Основното јавно обвинителство се поднесени шест кривични пријави за сторени 16 тешки форми на кривични дела помеѓу кои кривични дела: „убиство“, „убиство во обид“, „грабнување“, „противправно лишување од слобода“, „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“, како и кривични дела – “тешка кражба“, „разбојничка кражба“, „одземање на моторно возило “, „тешка телесна повреда“ и „учество во тепачка“.