Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Виница-с.Бигла-Делчево


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ.

Денес од 10:00 до 16:00 часот регионалниот пат Р2345 Виница – село Бигла – Делчево, во делот на село Драгобраста и село Трстија, ќе биде во прекин во двата правци, поради изведување градежни работи.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.