Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На почетокот од март, како гром од ведро небо, осамна веста дека Вејн Руни е блиску до враќање во Евертон, а реномираниот дневен весник Independent, под вињетата „ексклузивно“, пренесува: На праг на трансфер е пред клубот од детството.
Она што во овој момент е сигурно е дека Евертон ќе биде една од опциите за легендата на Манчестер Јунајтед и капитен на англиската репрезентација, кога се во прашање клубовите од Премиер лигата. Што значи дека Вест Хем дефинитивно остана без шанси да ги замрси работите до крајот на летото.
Како што се наведува, на тимот од Гудисон Парк работата единствено може да му ја расипе милионска понуда од Кина, каде Руни бил виден во неколку наврати. Но, според последните сознанија, Руни сака да се врати во клубот кој го афирмираше и од кој како тинејџер премина во Манчестер Јунајтед.
Приказната оди толку далеку што веќе е позната и платата за Руни која ја спрема Евертон. Поточно, се споменува бројката од 175.000 евра неделно, што ќе биде значително помалку во однос на неговите сегашни примања во Јунајтед, кои изнесуваат речиси 350.000 евра неделно. Како и да е, од лето би можел да инкасира двојно помалку пари на неделно ниво. Но, Руни се спремен да ја прифати споменатата сума, само повторно да го облече синиот дрес.
Јунајтед, наводно, е подготвен да го пушти Руни без поголеми проблеми, а трансферот го анимираше Жозе Мурињо. Обештетувањето за некогаш најголемиот талент на англискиот фудбал би требало да биде симболична сума, но не е истакнато за кои пари станува збор. Со оглед на тоа дека Руни има уште 14 месеци важечки договор со Јунајтед, јасно е дека висината на обештетувањето и не може да биде преголема.
Руни, инаку, минува низ најтешкиот период од сезоната во досегашната кариера. Одамна не е во плановите на Мурињо, а по доаѓањето на Ибрахимовиќ минатото лето, целосно падна во втор план. Затоа беше многу блиску до заминување во Кина во текот на зимскиот период, но на крајот сепак одлучи да остане на Олд Трафорд.
Сега ги брои последните денови во дресот на Црвените ѓаволи.