Актуелно

Во пожар во Прилеп изгореа две куќи и 36.000 евра

Во пожар во Прилеп завчера изгореа кровна конструкција и катовите под покривите на две куќи, а според пријавата на еден од оштетените газди, му изгореле и 36.000 евра.

Според полицијата, во пожарот нема жртви, а причинета е само материјална штета. Пожарот кој бил пријавен околу 7 часот и 15 минути се случил на улицата Круме Волнароски во куќите на сопствениците Р.Н. (67) и О.Б. (58).

Во разговорот со полицијата, сопственикот О.Б. пријавил дека на едно од местата кое го зафатил огнот тој имал и 36.000 евра кои му изгореле во пожарот. Огнот прво избувнал во неговата куќа , а потоа се проширил и во куќата на Р.Н. Околу 12 часот огнот бил целосно локализиран.

Увид на самото место извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица во Прилеп. Се утврдуваат причините за пожарот, како и за настанатата штета.

 

 

Advertisements
To Top