Во последните 24 часа осум новозаразени од коронавирус во Македонија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според најновите статистички податоци кои ги изнесе Министерството за здравство, во последните 24 часа во Институтот за јавно здравје регистриран е 21 оздравен пациент во: Скопје-8, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Кочани-1 и Македонски Брод-1.

59-годишна пациентка од Тетово почина во ГОБ „8 септември“. Истата 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Битола-1, Велес-4.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1526 , бројката на оздравени пациенти е 1013 , на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427. Статистичката поделеност на пацинетите со дијагностициран коронавирус по градови изгледа вака:

Скопје – 515
Куманово – 401
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –159
Тетово – 90
Струга – 67
Велес – 81
Битола –19
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 31
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 2
Делчево-1
Валандово -1
Виница – 2
Кратово-1

Направените 185 теста се преку: ИЈЗ –79, Ветеринарен ф-тет -3 , Авицена –9, Биотек -33, Филип Втори (Жан Митрев) –27, Систина со PCR метода -17 и МАНУ -17. Досега во земјата се направени вкупно 17.544 тестирања на ковид -19.