Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Тринаесет мигранти од Ирак биле откриени во камион на граничниот премин „Богородица“ управуван од грчки државјанин.
Според информациите на МВР, вчера околу 20.45 часот на Граничен премин „Богородица“, полициски службеници во содејство со царински службеници, при контрола на камион „Рено“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од С.А. (45) од Република Грција, откриле група од 13 илегални мигранти од Ирак.
Мигрантите биле пронајдени во специјално направен бункер во предниот дел од приколката, веднаш зад кабината од возилото.
Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал Скопје, поднесе кривична пријава против С.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.