Во подметнат пожар рано утрово во Скопје изгореа џип на газдата од „Вили“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рано утрово, триесетина минути по полноќ, опожарени биле две возила на паркинг-простор на улицата „Видое Смилевски Бато“ во скопската населба Аеродром.

Запалено било возило „гранд чироки“ со скопски регистарски таблички, сопственост на Г.Д. (39). Запалено било уште едно возило, најверојатно како последица на пожарот на џипот, „фиат уно“ со скопски регистарски таблички, сопственост на А.М. (33).

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Неофицијално, се работи за џип на познат скопски угостител, сопственикот на синџир ресторани за брза храна „Вили“. Според сведоци, сопственикот се сомнева на лица што веќе подолго време му се заканувале и барале рекет од него.