Во пелени се обиделе да прошверцуваат злато вредно 19.000 евра


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На граничниот премин „Прешево“ од страна на српските цариници двајца патници биле спречени да прошверцуваат златен накит вреден над 2,2 милиони динари (околу 19.000 евра) сокриено во пелени, соопшти денеска Царинската управа.

Речиси половина килограм златни ѓердани и алки со дукати „Франц Џозеф“, како и синџири и прстени, се пронајдени во автомобил со швајцарски регистарски таблички, во кој млад брачен пар се движел од правец на Северна Македонија кон Швајцарија.

Патниците рекле дека немаат што да пријават, а накитот бил пронајден во неотворено пакување пелени „Памперс“, во торба под совозачкото седиште.

Бидејќи вредноста на откриениот накит надминува една третина од вредноста на возилото, со судската одлука, покрај златото, трајно е одземено возилото проценето на повеќе од еден милион динари.