Во Париз синоќа повик за ноќ на барикадите: Се судрија антифашистите и полицијата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Судири меѓу антифашистичичките милитанти и силите за безбедност избувнаа на плоштадот Бастилја и на соседните улици, речиси веднаш по објавувањето на резултатите од првиот круг од претседателските избори, јавува дописникот на МИА од Париз.

Неколку стотици млади „анти-фашистии” се собраа вечерва на Плас де ла Бастилја во Париз, наспроти полицијата, веднаш откако беа познати првите резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои во финалниот втор круг се пласираа Марин Ле Пен и Емануел Mакрон.

Полицијата ги нападна демонстрантите кои се најдоа на кружната крстосница и на скалилата на Операта Бастилја, откако врз нив беа фрлани шишиња и петарди од страна на младите луѓе, од кои некои беа маскирани и облечени во црно.

Три лица се уапсени, соопшти полицијата.

На повик на антифашистичките движења, кои имаа намера да се организира ноќ на барикади, околу 300 демонстранти се собраа веднаш по дваесет часот. Безбедносните сили, во голем број, превентивно го прекинаа сообраќајот кај историскиот плоштад во Париз. Еден од организаторите повика преку микрофон сите да дојдат и да демонстрираат против Марин и против Макрон.

Инаку, првпат во поновата француска историја доаѓа до прекројување на политичката карта. Кандидатите на класичната десница Франсоа Фијон, и на умерената левица, Беноа Хамон не се во вториот круг на претседателските избори. Имено, Емануел Макрон, кандидатот на Во движење со 23,7 отсто од гласовите и Марин Ле Пен од крајно десниот Национален Фронт со 21,7 отсто од гласовите се победници во првиот круг на претседателските избори, на кои се претставија единаесет кланидати.