Во овој ресторан во Милано можете да платите оброк со бројот на Инстаграм пријатели


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Промоцијата на социјалните мрежи стана исклучително важен маркетиншки фактор во денешно време. Тоа го препознаа и го искористија на најдојбар можен начин и сопствениците на еден ресторан во Милано, кој на муштериите им нуди можност за плаќање според бројот на нивните Инстаграм пријатели.

Матео и Томазо Питарело, сопственици на миланскиот ресторан „This Is Not A Sushi Bar“, во својот објект нудат три опции за плаќање. Освен класичните – во кеш или со картичка, таму можете да платите и со бројот на вашите Инстаграм пријатели, пренесува The Oddity Central.

Идејата е едноставна – колку повеќе пријатели (поточно следбеници) имате на Инстаграм, толку повеќе можете да изедете без да потрошите ниту евро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emanuele Pagliaro (@therealpagliagram) on

Но, нивната понуда не се однесува само на Инстаграм „ѕвездите“ со стотици илјадници или милиони следбеници. И оние кои имаат помеѓу 1.000 и 5.000 пријатели на социјалната платформа ќе добијат бесплатна порција суши. Оние, пак, со 5.000 до 10.000 пријатели можат да добијат бесплатно две порции суши. Додека оние со над 100.000 следбеници, целокупниот ручек или вечера ги добиваат целосно бесплатно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ?? Based in Milan (@polakkinho) on

Она што треба да го направите вие е да споделите фотографија на Инстаграм со хаштаг #thisisnotasushibar.

„Огласувањето на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, денес е најдобра фора која најмногу пали“, велат браќата, менаџери на ресторанот. Новата понуда ја промовираа на 11 октомври, а не се сигурни до кога истата ќе трае.