Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со брзиот развој на технологијата, меѓу другите гранки од секојдневното живеење, и угостителството полека го прекројува својот концепт и начин на функционирање. Сè повеќе барови, кафулиња, ресторани и други угостителски објекти се одлучуваат на воведување на најнова технологија во некој сегмент од нивното функционирање. Таков е и барот за кој станува збор тука.
„Bionic Bar“ е име на несекојдневен синџир на кафулиња, кои се сместени во внатрешноста на неколку луксузни крузери кои се во сопственост на компанијата Royal Caribbean.
Овој синџир на кафулиња е специфичен по тоа што во нив не работат келнери ниту шанкери, туку два роботи, кои знаат да направат 30 коктели.
Пијалаците се порачуваат преку електронски пат, преку таблет, а покрај посакуваните состојки во напитокот, може да се одбере и техника на мешање или едноставно да се одлучите за опција за класично подготвување на пијалак.
Гостите во секој момент се информирани за она што го работат роботите, односно за тоа кои состојки ги мешаат, како и моментот кога се готови со пијалакот.
Роботите во еден ден можат да направат и послужат 1.000 пијалаци. Секој пијалак чини околу 13 долари, а и наплатата се врши преку електронски пат.
Сепак, овие машини не се толку совршени. За време на подготовката и служењето, еден дел од течноста се пролива по шанкот на барот, па вистински работник на крузерот мора редовно да го посетува кафулето за да ги исчисти нередот.