Во овие десет земји живеат најзгодните фраери на светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Глорија Атанмо пропатува 43 земји светски земји на пет континенти и на својот блог направи детална листа на десетте земји во кои живеат најзгодните мажи на светот.

На листата ги нема Македонците, но затоа има едни наши први соседи.

10. Куба

Кај Кубанците ја воодушевила бојата на нивната кожа и очите, главно извитканата коса и интересниот карактер. „Било да ве замуабетат на аголот од улицата или ви ги покажуваат своите танчерски способности, тие го знаат патот до женското срце“, вели таа. „Тие и атеист би убедиле дека Бог постои, бидејќи не благословил со Кубанците“, вели Глорија.

9. Грција

И Грците ја освоиле со темниот тен и темната бујна коса, но ги забележала и нивните често добро извајани тела. „Грците се прекрасни и би лажела кога би рекла дека таму се враќав само заради убавата храна“, тврди Атанмо.

8. Мароко

„Ако уште ве нема бакнато Мароканец, тогаш уште не сте живееле во целост“, порачува Глорија до останатите девојки, која Мароканците ја воодушевиле со своите очи кои често ги исцртуваат со креон. Ги споредува со Џони Деп во „Пирати од Карибите“.

7. Израел и Палестина

„Не е работата само во нивната густа брада и топлата насмевка, туку и искрените зборови и страсниот тон“, вели оваа страствена авантуристка која тврди дека во овој дел од светот се наоѓаат најинтригантните типови на убавина.

6. Шпанија

A post shared by @andresvelencoso on

Шпанците ја освоиле со страсниот танц кој го споредува со предигра во облека. „Еднаш запознав толку згоден Шпанец што кога ме праша од каде доаѓам, само го кажав своето име“, открива Глорија.

5. Италија

„Најголем дар од Бога на Земјата“, ги опишува кратко заводливите Италијани кои ја воодушевиле со својата самодоверба и харизма. „Тие секогаш ќе ве третираат како кралица“, тврди.

4. Германија

A post shared by André Hamann (@andrehamann) on

Германците ги опишува како луѓе со малку построг изглед, но тврди дека токму тоа е она кое ги прави неверојатно секси. „Имаат неверојатен вокабулар и се многу образовани“, тврди Глорија и додава дека тоа ги прави уште посекси.

3. Србија

Србите ја освоиле со висината и лицата „кои изгледаат како да треба да ги осигураш“. Глорија вели дека и Србинките се многу убави жени, но дека Србите се вистински рај за очи. Тврди дека имаат одлична смисла за мода, но и дека нивниот акцент е многу секси.

2. Шведска

„Швеѓаните се познати како презгодни манекени, но во исто време се и многу срамежливи и скромни“, опишува Глорија. Ја освоиле со нивната светла коса, а вели дека се нешто поотворени после некоја чаша вино.

1. Аргентина

Најмногу ја воодушевиле Аргентинците. „Латно страст измешана со европска класка“, стои во нејзиниот опис за овие фраери и додава дека ова е наједноставното и најлесно прво место кое морала било кога да му го додели некому.

***