Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради фактот дека „челичната тупаница“ Мајк Тајсон во рингот за време на неговата боксерска кариера заработи 300 милиони долари, тој можеше да си дозволи раскошен животен стил, купувајќи бројни палати, недвижнини и скапи коли.
Но, кога во 2004 година пријавил банкрот, тој веќе длабоко бил навлезен во долгови. Неговите проблеми започнале неколку години порано. Во доцните 90-ти го изгубил својот имот од 24 хектари и куќата со пет спални соби, внатрешен базен, кошаркарско игралиште и кафези со тигри во Саутингтон, Охајо, кои му припаднале на претприемач кој една година подоцна бил уапсен поради дрога.
Поранешниот светски шампион бил приведен во полиција во 1991 под сомнение за силување. На неговото судење во 1992 година поротата го прогласи за виновен и беше осуден на шест години затвор. Во 1995 побара помилување кое му беше одобрено и беше пуштен од затвор, враќајќи се во Саутингтон со наивната надеж дека ќе успее да му избега на вниманието на медиумите. Нормално, обидот не му успеа.
Запаѓајќи во тешка финансиска состојба, во 1999 година ја стави палатата на продажба, при што истата беше продадена за 1,3 милиони долари. Оттогаш, овој имот смени многу сопственици, а еден од газдите бил предмет на истрага на ФБИ. Сега се планира овој раскошен дом да биде претворен во црква.