Во ова преспанско село Заев и Ципрас ќе го потпишат договорот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нивици или на грчки Псаридис е преспанското село на грчка страна каде премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе го потпишат договорот за решение за спорот со името.

Нивици е село со само 60-тина жители од кои речиси сите зборуваат и разбираат и грчки и македонски јазик. Судбината на ова село веројатно ќе се промени со утрешната политичка и историска средба на двајцата премиери и потпишувањето на договорот од страна на двете земји со што веројатно ќе остане запишано во историјата на поширокиот регион Македонија.

Од Тв 21, кои го посетија селото, пренесуваат дека локалното население имало поделени мислења за утрешниот настан. Дел се надеваат дека се работи за историски момент и проблемите околу спорот за името на Република Македонија ќе бидат решени. Други пак се плашат дека Македонија ќе си ја врати територијата како пред Букурешкиот договор пред повеќе од 100 години, со кој географскиот регион бил поделен на четири дела. Има и такви кои не сакаа да зборуваат јавно.