Во опасност манастирот „Свети Димитрија“: Пожар во непосредна близина на прилепско Селце


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во непосредната околна шума околу манастирот „Свети Димитрија“ во близина на прилепското село Селце и градот Прилеп, скрасен на ниските делови од падините на Селечка Планина, денес изби голем пожар во кој е зафатен зимзелениот шумски појас.

Од огнените јазици во опасност се доведени манастирскиот комплекс заедно со црквата. Од манастирскиот одбор апелираат сите кои имаат можност да се приклучат во локализирање и справување со пожарот, за да се зачува манастирот.

https://www.facebook.com/959806504350982/posts/1013738488957783/

Апел за помош упатија и од ЈКП Комуналец од Прилеп, секој што може да помогне да се упати кон Селце.

https://www.facebook.com/komunalecprilep/posts/2386374981617614