Во одделни случаи се трага по исчезнати жена со малолетни деца и малолетно девојче


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во 11 часот во ПО Мирковци, К.М. (34) од скопското село Кучевиште пријавил дека на 13 март околу 16 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга К.Д. (27) со  нивните две малолетни деца на возраст од девет и шест години.

Додека во 18.45 часот во СВР Струмица, В.Б. (39) од с. Баница пријавила дека на 14 март околу 7 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината тринаесетгодишна ќерка, а рано утрово во 4.20 часот во тетовската полиција, С.Б. (46) од Тетово пријавила дека на 13 март околу 18 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината шеснаесетгодишна ќерка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, велат од полицијата.